Општина Кривогаштани и понатаму продолжува да посветува максимално внимание на иднината. Најуспешните ученици од двете општински основни училишта во општината Јонче Смугрески од Обршани и Манчу Матак од Кривогаштани добија еднодневна екскурзија организирана од стана на општината која веќе неколку години наназад не заборава да се оддолжи на најуспешните, да го поттикне, мотивира и награди вложениот труд во изминатата учебна година како и постигнатите резултати во истата.
Сите овие награди, екскурзии и патувања треба да претставуваат мотив повеќе за сите ученици безрезервно да вложуваат во себе и во своете знаење со цел градење на своја сигурна, квалитетна и успешна иднина.
Најуспешните ученици од општината заедно со своите другарчиња од основните училишта Кирил и Методиј од Канатларци, Страшо Пинџур од Мало Коњари и Круме Волнароски од Тополчани добија дводневна екскурзија како награда за остварените резултати во изминатата учебна година.
Додека наградените ученици од натпреварот на ”ЕТНО МАСКИ” кој се одржа за празникот прочка, како награда од општината добија еднодневна екскурзија во Скопје и Водно.