Home / Информации / ОБУКА НА ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ ЗА БЕЗБЕДНОСТ ВО СООБРАЈЌАЈОТ

ОБУКА НА ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ ЗА БЕЗБЕДНОСТ ВО СООБРАЈЌАЈОТ

Во пресрет на летната сезона кога земјоделците максимално ја користат земјоделската механизација и истата е присутна на локалните патишта низ општината, каде добар дел од влечната и приклучната механизација нема соодветна светлосна сигнализација, опасноста од несакани настани е се поприсутна.

Поради тоа РСЗБПС , ПС Прилеп, ПО Кривогаштани и ЕЛС Кривогаштани во Петок на 8.07.2016 во 20 часот во Клубот на пензионери во Кривогаштани ќе се одржи предавање за зголемување на безбедноста во патниот сообрајќај на која ќе присуствува и претседателот на  Републичниот совет за безбедност на сообрајќајот на патиштата Стојче Стаменковски.

Се покануваат сите сопственици на земјоделска механизација, трактори, комбајни и друг вид на земјоделска механизација која се користи во текот на летната сезона.

About Krsteska Daniela

x

Check Also

ИЗВЕСТУВАЊЕ