Денес во центарот на општината пред самата општинска зграда поставена е Билборд-Мапа со културно-историски знаменитости на сите населени места во општината.
Проектот е финансиран преку УСАИД и Швајцарската агенција за обнова и развој а го обезбеди локалната акциона група ЛАГ -Агролидер во кој е вклучено и поставување на пет патокази на исто толку локации низ општина Кривогаштани.