Градоначалникот на општина Кривогаштани Тони Заткоски ги награди учениците од ОУ Манчу Матак – Кривогаштани кои го освоија првото место на државно ниво на натпреварот организиран од ЕВН Македонија кој минатата недела се одржа во Струга.
Во знак на благодарност и заслуга што успешно ја претставуваа својата општина и своето училиште, учениците денес добија еднодневна екскурзија, која ќе им биде мотив и понатаму да продолжат да го покажуваат и надоградуваат своето знаење.
Градоначалникот на општината уште еднаш не заборави да го награди трудот, постигнатиот резултат и да ги поттикне младите во општината успешно да го градат својот интелектуален развој со цел зацврстување и сигурна иднина на својата општина.