Home / Информации / ОДЛУКА ЗА СТИПЕНДИРАЊЕ НА СТУДЕНТИ ОД ОПШТИНА КРИВОГАШТАНИ

ОДЛУКА ЗА СТИПЕНДИРАЊЕ НА СТУДЕНТИ ОД ОПШТИНА КРИВОГАШТАНИ

Советот на Општина Кривогаштани донесе ОДЛУКА за доделување на стипендија на студенти од Општина Кривогаштани. Со оваа одлука се одлучи да се стипендираат ученици од Општина Кривогаштани кој се запишани на некоја високообразовна институција со приоритет на Градежен, Архитектонски или Медицински факултет како дефицитирани занимања.

По изборот на стипендистите, со нив Општина Кривогаштани ќе склучи посебен договор. Стипендијата ќе изнесува 3000 денари месечно, за 9 месеци во годината, се до дипломирање. Стипендистите се обврзуваат редовно да го запишуваат секој семестар, редовно да ги полагаат испитите и за тоа редовно да доставуваат известување од факултетот. Доколку студентите не се придржуваат на ова, се обврзуваат средствата дадени како стипендија да ги вратат на сметката на Општината Кривогаштани во рок од еден месец по неисполнување на условите.
Документи кои се потребни за добивање на стипендија :
1. ПОТВРДА ЗА СОСТОЈБАТА НА ОСТВАРЕНИ ПРИХОДИ ЗА 2015г. ( ОД УЈП)
2. ИМОТЕН ЛИСТ, ИНДЕКС НА УВИД И НЕГОВА КОПИЈА
3. ЛИЧНА КАРТА (КОПИЈА)
4. ПОТВРДА ЗА РЕДОВЕН СТУДЕНТ
Пријавувањето трае до 27.02.2016 (Петок)
Документите се доставуваат во просториите на општина Кривогаштани.

About Krsteska Daniela

x

Check Also

Соопштение за јавен увид

Соопштение за јавен увид