Општина Кривогаштани го усвои Локалниот акциски план за управување со отпад, развоен стратешки документ кој служи за идентификување на слабостите во управувањето со отпад и за предлагање на мерки и активности за нивно подобрување.
Со помош на современи техники и алатки, вклучувајќи ја јавноста и другите актери во општината, Локалниот акциски план ги идентификува проблемите во сите тематски области, ги распоредува и поставува приоритетите на клучните проблеми, и предлага мерки и активности за нивно решавање.
Локалниот акциски план ќе биде главен водич при решавањето на еколошките проблеми и алатка за обезбедување на финансиски средства за имплементација на проектите.
Локалниот акциски план во голема мера ќе помогне при транспонирањето на основните директиви на ЕУ поврзани со проблематиката на управувањето со отпад во надлежностите и задачите на локалната самоуправа, управување со животинските нус-производи и искористените производи, постојаното следење и преземање на соодветни мерки за намалување на загадувањето на почвата, одговорноста за штета во животната средина и регулирањето на системот за поврат на трошоците како и дисциплината на плаќањето.
Во идниот период, ќе бидат вложени сите ресурси за реализација на мерките и активностите, со цел нашата општина да се промовира како урбана, еколошки одржлива средина што обезбедува услови за подобро живеење и здрава животна средина.
Локалниот акциски план го подготви работна група составена од членови на општинската администрација и јавното комунално претпријатие, со поддршка од SALAR International и Шведската агенција за меѓународен развој.
Планот е достапен на следниот линк: