Градоначалникот на општина Кривогаштани Николче Мискоски со особена чест му ја додели благодарницата за посебни заслуги во работата во ТППЕ Кривогаштани на Тане Ѓоргоски исто така колегите од ТППЕ на Прилеп и Крушево достојно со сите почести му посака долги пензионерски денови. Како пожарникар беше сведок на многу интервенции не само во Кривогаштани, туку и пошироко. Замина во пензија по 25 години работа, а повеќе од 22 години поминал во бригадата во Кривогаштани. Раскажува дека ова за него е многу тешко, бидејќи по 22 години треба да ја соблече униформата и да си замине од местото кое го гледал како втор дом.
– Направивме примопредавање на средствата, опремата, возилата, како и на целата документација. Сакам да кажам дека си заминувам од ТППЕ Кривогаштани со многу емоции, бидејќи ова беше мојот втор дом. Покрај мојот дом, тука поминав многу време со моите колеги. Од овде си заминувам со добра мисла, бидејќи знам дека оставив момци кои ќе бидат посветени на граѓаните на општина Кривогаштани, и ќе се грижат за нивната безбедност.