а 28.02.2024 година се одржа 17-та Седница на Советот за развој на Пелагонискиот плански регион. На истатата согласно законските одредби претседавше новоизбраниот Претседател на Советот за развој на Пелагонискиот плански регион – Градоначалникот на Општина Ресен г-дин Јован Тозиевски.
На седницата се разгледуваа и усвоија годишните финансиски извештаи на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион, извештаите за работењето на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион и за имплементација на Програмата за рамномерен регионален развој за 2023 година.



