Со активностите во рамки на #СреќатаСеСподелува , заедно со министерката за труд и социјала Јованка Тренчевска поделивме пакети со храна со поддршката на Фондација „ЗАЕВ“.
Покрај споделувањето на пакети ги информиравме и семејствата за финансиската поддршка која моментално ја доделува Владата.
Исто така поделивме пакетче за секое дете во градинка. Денес поделивме насмевки на 56 деца во нашата Општина.
Нашите малечки го учат значењето на празниците преку постапките на возрасните и кога негуваме култура на споделување и подарување во иднина ќе имаме возрасни кои ќе ја водат државата во духот на солидарноста.