Почитувани,
Почитувајќи го правилото за транспарентност во работењето на Општина Кривогаштани го издаваме следново соопштение за финансиската состојба од март 2013 до октомври 2021 година:
– На 31/03/2013 Општина Кривогаштани заврши со негативен финансиски резултат од 14.316.362,00 денари вкупен долг кон доверителите на општината.
– Во периодот од 31/03/2013 до 31/10/2017 Општина Кривогаштани заврши со негативен финансиски резултаат од 24.944.520,00 денари главен долг кон доверители и 10.791.288,00 денари земен кредит од Светска Банка.
– Во период од 31/10/2017 до 01/11/2021 год Општина Кривогаштани заврши со драстично голем негaтивен резултат од 34.206.363,00 ден како и останата сума од прв кредит 8.193.945,00 ден, Втор кредит 2.659.720,00 ден и трет кредит 2.325.400,00 ден. или вкупно 47.385.428,00 ден
Новиот градоначалник, Николче Мискоски наследи вкупен финансиски долг од 47.385.428,00 ден, а Во период од 01/11/2021 до 29/12/2021, вратени се 2.715.659,00 ден долг кон доверителите на општината како и исплатена е дел од прва и цела втора рата од кредитот за изградба на улици во Општина Кривогаштани 639.657,00 ден. Кон оваа состојба би ги додале и дополнително 30 извршни решенија кои дополнително ќе ја оптоварат со камати и судски и извршни трошоци и онака тешката финансиска состојба на Општината.
Дата:
29/12/2021 Одделение за финансиски прашања