Во рамките на проектот за општинско корисна работа финансиран од УНДП со кофинансирање на општина Кривогаштани – започна имплементацијата на активностите предвидени за реализација на проектот за помош, нега и грижа во домот на стари и изнемоштени лица.
Овај проект е продолжување и дополнување на постоечкиот проект за општинско корисна работа каде ангажирани се 4 лица во детската градинка Весело Штркче во Кривогаштани и Јагодка во Обршани.
За спроведување на предвидените домашни посети на стари и изнемоштени лица ангажирани се 5 лица, кои денес започнаа со подготвителните обуки за чие спроведување е ангажирано медицинско лице.