Home / ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ / Пунктови за вакцинација на жителите на Општина Кривогаштани

Пунктови за вакцинација на жителите на Општина Кривогаштани

‼️ ИЗВЕСТУВАЊЕ ‼️ 💉

 

Почитувани сограѓани, Ве известуваме дека започнувајќи од 12.07.2021 – Понеделник започнуваат со работа пунктови за вакцинација на жителите на општина Кривогаштани.

 

Мобилните екипи со медицински лица ќе го посетат Вашето населено место каде што ќе можете да бидете вакцинирани.

 

На сите жители безразлика дали се пријавени на сајтот за вакцинација или не, им се овозможува имунизација во своето место на живеење.

 

Централниот пункт ќе биде лоциран во О.У Манчу Матак во Кривогаштани каде жителите од сите населени места во општината ќе можат да бидат имунизирани.

 

Во зависнот од интересот на жителите, термините за вакцинација можат да бидат корегирани и надополнети.

 

За подетални информации околу видот на вакцината и други прашања можете да се обратите на самите пунктови.

 

📎 Во прилог распоред на денови по населени места.

About Krsteska Daniela

x

Check Also

Потпишан договор за користење на финансиски средства во висина од 13.337.747 денари

Градоначалникот на Општина Кривогаштани во просториите на македонската Влада потпиша договор за ...