Во петок на 07.05.2021 со почеток во 10 часот организирана е акција за пошумување на делови на локација викана Крајни рид – Кривогаштани во организација на тутунската компанија СЕКЕ и општина Кривогаштани во која ќе учествуваат сите чинители во општина како: образовните институции , ЈП Пелагонија и општинската администрација .
Исто така во акцијата можат да се вклучат и сите граѓани кои имаат желба да учествуваат во истата, каде ќе бидат засадени борови стебла, со што ќе покажеме дека се грижиме за нашата животна средина и директно придонесуваме за подобрување и раззеленување на нашата општина.