Home / ЛОКАЛНА САМОУПРАВА / ФУДБАЛСКОТО ИГРАЛИШТЕ ВО ОБРШАНИ СО НОВА МЕТАЛНА ОГРАДА

ФУДБАЛСКОТО ИГРАЛИШТЕ ВО ОБРШАНИ СО НОВА МЕТАЛНА ОГРАДА

Општина Кривогаштани во соработка со Фудбалската федерација на Македонија извршија градежни работи на фудбалското игралиште во населеното место Обршани, со што во целина доби бетонско метална ограда со соодветна висина зад головите.

Поддршката и придонесот на градоначалникот на општината во спортот дава видлив резултат, исто така општината е во фаза на договарање за инвестиција и во фудбалското игралиште во Кривогаштани како и изработка на проектна докумантација за уредување на асфалтното игралиште во Бела Црква.

Спортот и понатаму ќе биде една од главните гранки на развој во програмите на градоначалникот на општината со што младите ќе ги имаат сите услови за непречен развој во спортот.

About Krsteska Daniela

x

Check Also

Градежна инфраструктурна експанзија во населено место Боротино

🦺Продолжуваме со градежната инфраструктурна експанзија овој пат во населено место Боротино.   ...