Изминатиов период во општина Кривогаштани се одвиваат интензивни активности за асфалтирање на повеќе улици низ населените места во општината, кои активности ќе продолжат и во периодот што следува .
Асфалтирана е улица во Кривогаштани крак на улица Македонски просветители во должина од 263 метри чија вредност изнесува 1.700.000 денари. Исто така асфалтирана е улица и во населеното место Врбјани во вкупна должина од 342 метри со вредност од 2.200.000 денари со што двете најголеми улици во ова населено место добија асфалт.
Во населеното место Подвис завршена е рализацијата на проектот за асфалтирање на крак од улицата Даме Груев со што се доби една целина која се протега долж населеното место.