Општина Кривогаштани во соработка со Шпаркасе Банка воведе пост терминал за наплата на општинските услуги се со цел подобрување на квалитетот и брзината на извршување на услугите за кои е надлежна институцијата.
Со воведувањето на оваа можност жителите ќе можат да извршат наплата со платежните картички од сите комерцијални банки во државата со следниве целни дознаки:
-Административна такса
-Данок на имот
-Данок на наследство и подарок
-Данок на промет на недвижнини
-Легализација