- Договор за изведба на работи на асфалтирање на спореден крак на улицата Македонски Просветители во Кривогаштани. Реализацијата ќе биде комплетно завршена за 30 дена.
- Договор за изработка на техничка документација за каналот за Боротино. Решавањето на проблемот со каналот е најголемо барање на жителите на Боротино. Техничката документација е прв и неопходен чекор во решавањето на овој проблем.
- Договор со фирма изведувач за поставување на нови лед светилки на целата територија на Општина Кривогаштани. Со ова трајно се решава проблемот со осветлувањето во сите оние населени места каде што имаше проблем со старите светилки и за кои жителите постојано бараа да се заменат со нови.