На седницата одржана на ден 29.03.2019 Советот на Општина Кривогаштани донесе одлука за организирање на еколошка акција на ден 14.04.2019 со почеток во 9:00 часот на потегот покрај регионалниот пат Обршани – Бела Црква.
Во акцијата се вклучуваат Градоначалникот на Општина Кривогаштани, општинската администрација, ЈП Пелагонија Кривогаштани , ТППЕ Кривогаштани, Основните училишта и месната заедница !