По повод Христовото раѓање – Божик, во Кривогаштани по втор пат се одржа коледарската поворка со учество на околу 180 дечињата од основните училишта во општината. Имено, со Бадниковата поворка е возобновена една прекрасна древна традиција, која, веќе насекаде во Македонија, прерасна во еден од најмасовните собири што радосно ги обединува најмладите од целата наша Татковина, огромни групи на деца се собираат за радосно да го најават Христовото Раѓање и да пренесат топла празнична порака, пеејќи ја старата коледарска песна „Вечниот Бог“.