Во просториите на подрачното основно училиште Јонче Смугрески во Бела Црква, каде што ќе биде сместен новиот Центар за ран детски развој денес пристигна инвентарот со што се привршуваат подготовките на просторот, каде што за скоро време ќе започе да се одвива наставата за дечињата од предшколска возраст од тој дел на Општина Кривогаштани.
Центарот за ран детски развој во Бела Црква се отвара како соработка помеѓу Општина Кривогаштани и UNICEF кој ќе има капацитет за 25 деца од предшколска возраст.