Општина Кривогаштани започнува постапка за изградба на дистрибутивна водоводна мрежа во н.м Воѓани, прва фаза – линија 2. Средствата за реализација на проектот се обезбедени преку Министерството за локална самоуправа , Бирото за регионален развој во висина од 1.400.000 денари и Општина Кривогаштани со 328 000 денари.
Откако Градоначалникот на општината го потпиша договорот за кофинансирање со Бирото, следува подготовка и распишување на тендерска постапка за избор на изведувач на проектот по што ќе се започне со реализација на истиот.