Двете основни училиште во општината ОУ Јонче Смугрески од Обршани и ОУ Манчу Матак од Кривогаштани во организација со Општина Кривогаштани денес го одржаа училишниот натпревар за Детски семафор кој се полага во два дела теоретски и практични полигонски вежби.
Општинскиот натпревар ќе се одржи во Четврток на 03.05.2018 во Кривогаштани. Најдобрите натпреварувачи ќе ја претставуваат општината на регионалниот натпревар во Прилеп.