Утре, Петок 02.02.2018 година, Градоначалникот на Општина Кривогаштани Рубинчо Шефтероски и директорот на ЈП Пелагонија Јане Чавкоски ќе одржат две јавни трибини со жителите на населеното место Воѓани, започнувајќи од 18 часот во спортското бифе во ценатарот на населеното место и средба со жителите на населеното место Годивле која е предвидено да започне во 16 часот во просториите на подрачното училиште Манчу Матак во Годивле.
По тој повод се покануваат жителите на двете населени места да присуствуваат на јавните трибини каде ќе имаат можност да ги произнесат своите проблеми и идеи за своето населено место непосредно на локалните власти.