Градоначалникот на Општина Кривогаштани Рубинчо Шефтероски заедно со директорот на Јавното комунално претпријатие Пелагонија – Јане Чавкоски, изминативе неколку дена одржаа повеќе јавни трибини низ населените места во општината чија цел беше да се слушнат потребите, проблемите на населението како и предлози за реализирање на конкретни идни проекти.
Ваквите настани ќе прдолжат да се случуваат и понатаму во сите населени места во општината, со што локалната самоуправа се става на располагање на жителите на Општина Кривогаштани Кривогаштани.