Доцна синоќа заврши овогодинешното издание на Кривогаштанскиот турнир во мал фудбал каде екипата на Центар ја победи екипата на Бене Бош од Битола со 2-1 и со тоа ја освои главната премија на турнирот од 60.000 денари.
Вицешампионот екипата на Бене Бош освои 30.000 денари додека третопласираната екипа на Текосолар освои 15.000 денари.
Покрај доделените награди на победниците, организаторот на турнирот додели и поединечни признанија за: Најдобар голман која припадна на голманот на Центар – Цветковски Марјан и наградата за најдобар играч на турнирот која припадна на играчот од екипата на Бене Бош – Дамески Иво.
Покрај тоа, ораганизациониот тим додели и благодарници за фер плеј екипа на екипата на Бо – То од Тополчани и благодарници за посебни заслуги во организацијата на турнирот на Бозароски Славе како и благодарница за допринос во судиската организација на турнирот на Илиески Зоран.
Ораганизациониот тим составен од општина Кривогаштани и ЛАГ Агролидер , се заблагодарува на сите посетители, учесници и екипа кои дадоа допринос за да успееме да заокружиме уште една успешна приказна.