Општина Кривогаштани во новоизградената спортска сала на 9 април ( недела ) беше домаќин на возвратниот четврт-финален натпревар во Државното младинско првенство на РМ. во кој се сретнаа екипите на ,,ОК Синалко” од Крушево и ,, ОК Пробиштип” од Пробиштип.
Натпреварот се одигра пред полна сала на задоволство на двете екипи, а и на посетителите кои имаа можност да уживаат во надигрувањето на двете екипи.
Во интересен и неизвесен натпревар победата ја однесе ,,ОК Синалко” од Крушево со резултат 3:0 во сетови со што се пласираа во полуфиналето од Државното првенство и борба за медал.
Им посакуваме спортска среќа и успех во завршните натпревари.