Home / Информации / известување за Стратегиска оцена на животна средина за Урбанистички план за село Славеј КО Врбјани

известување за Стратегиска оцена на животна средина за Урбанистички план за село Славеј КО Врбјани

И З В Е С Т У В А Њ Е

 

Се известуваат граѓаните, правните и физичките лица дека се организира консултација со јавноста по Нацрт извештај за Стратегиска оцена на животна средина за Урбанистички план за село Славеј КО Врбјани, Општина Кривогаштани со плански опфат-постојна граница на село.

Одлуката за спроведување на стратегиска оценка е донесена од страна на Градоначалникот на општина Кривогаштани со бр. 03-2084/1 од 21.12.2016 година.

Засегнати органи од имплементација на планскиот документ се општина Кривогаштани, Министерство за транспорт и врски, Министерство за животна средина и просторно планирање и Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Извештајот за стратегиска оцена на животна средина за Урбанистички план за село Славеј КО Врбјани, Општина Кривогаштани, може да се разгледа секој работен ден  од 08 до 16 часот во просториите во Одделението за урбанизам и заштита на животната средина во општина Кривогаштани во периодот од 14.02.2017 до 16.03.2017 година.

Консултацијата со јавноста по извештајот кој е подготвен во согласност со наводите во плановите и барањата на Законот за животна средина ќе се одржи на ден 03.03.2017 г. со почеток во 12.00 часот, во просториите на  Општина Кривогаштани,

Општина Кривогаштани ја информира засегнатата јавност дека во текот на 30 дена јавен увид може да се доставуваат мислења, забелешки и сугестии по извештајот, по електронски пат, по пошта или во архивата на Општина Кривогаштани.

Во прилог Нацрт извештај за Стратегиска оцена на животна средина за Урбанистички план за село Славеј КО Врбјани

SEA-Slavej nacrt fin

About Krsteska Daniela

x

Check Also

ЈП Пелагонија апелира до своите корисници рационално и внимателно да ја користат водата во деновите на екстремно високи температури.

ЈП Пелагонија апелира до своите корисници рационално и внимателно да ја користат ...