Home / Информации / Предавање поврзано со истражувањата на локалитетите Врбјанска Чука и Кале

Предавање поврзано со истражувањата на локалитетите Врбјанска Чука и Кале

Во ОУ Манчу Матак  се одржат предавања поврзани со минатогодишните истражувања на локалитетите Врбјанска Чука кај Славеј и „Кале“ – Локвени кои што се наоѓаат во Општина Кривогаштани. Предавањето со наслов „Неолитска населба Врбјанска Чука кај Славеј“го одржа д-р Гоце Наумов од Центарот за истражување на предисторијата во соработка со археологот Александар Мургоски. На предавањето беа презентирани најновите резултати од истражувањето на овој исклучително интересен предисториски локалитет и неговата улога во појавата и ширењето на земјоделството во Македонија во шестиот милениум п.н.е.

Предавањето „Нови сознанија за античкиот локалитет „Кале“ Локвени“ го одржи м-р Дејан Кабаковски од Институтот за старословенска култура. Ова предавање се концентрира на примената на новите методи во проучувањето на просторната организација на античката тврдина и нивните перспективи во идните истражувања на овој локалитет.

Предавањата беа проследени со видео презентации и разговор со гостите околу обележјата и потенцијалите на овие два мошне битни локалитети во Општина Кривогаштани.

DSC06873 DSC06871 DSC06847 DSC06860

About Krsteska Daniela

x

Check Also

Соопштение за јавен увид

Соопштение за јавен увид