Home / Информации / УЧЕНИЦИТЕ ОД КРИВОГАШТАНИ СЕ ЕДУЦИРАА ЗА ТОА КАДЕ, КОГА И КАКО СЕ ДОБИВААТ И ИЗРАБОТУВААТ ПАРИТЕ

УЧЕНИЦИТЕ ОД КРИВОГАШТАНИ СЕ ЕДУЦИРАА ЗА ТОА КАДЕ, КОГА И КАКО СЕ ДОБИВААТ И ИЗРАБОТУВААТ ПАРИТЕ

Што се монети, а што се банкноти ? Како се добиваат парите, каде се печатат и каде се коваат ? Кој е тој што ги изработува и кој е тој што ги чува ? Ова беа само дел од прашањата на кои денеска одговараа претставниците од Народна Банка на Република Македонија, пред учениците од двете основни училишта во општина Кривогаштани ООУ „Јонче Смугрески“ и ООУ „Манчу Матак“.

kkk02Учениците се запознаа со надлежностите на НБРМ и што претставува оваа банка. Исто така дечињата се едуцираа и за тоа како треба да се штедат и како треба да се трошат парите.

Инаку Кривогаштани е една од првите општини во Македонија која ја посетуваат претставниците од НБРМ во нивниот најнов проект за да ги запознаат намјладите во државава повеќе околу работата на банките и парите.

Претставниците од НБРМ остварија средба и со првиот човек општината, градоначалникот Тони Заткоски, кој истакна дека и понатаму ќе ги поддржува ваквите проекти за едукција на учениците.

Учениците пак кои присуствуваа на предавањето покрај стекнатото знаење добија и пригодни подароци и повеќе едукативни матријали од кои имаат можност да научат нешто повеќе за парите.

About Krsteska Daniela

x

Check Also

ЈП Пелагонија апелира до своите корисници рационално и внимателно да ја користат водата во деновите на екстремно високи температури.

ЈП Пелагонија апелира до своите корисници рационално и внимателно да ја користат ...