Пред околу недела дена група археолози започнаа со археолошко истражување на место викано ”ВРБЈАНСКА ЧУКА” за кое се претпоставува дека крие докази за почетоците на обработката на земјоделските површини и изградбата на првите земјени куќи на просторите на Пелагонија. Во изминатите неколку денови откриени се неколку земјени предмети за кои се претпоставува дека се стари околу 8 илјади години, кои докажуваат дека луѓето во тоа време користеле камени секири за обработка на дрвото и земјата каде веќе се пронајдени и првите остатоци од гробови и коски како и земјени куќи кои се градени во тој период и претставуваат доказ за постоењето на првата цивилизација на овие простори.
Археолошките работи ќе продолжат и во наредниов период кога и ќе се прошири површината за истражување за пронаоѓање што повеќе докази за минатото. При крајот на месец Јули работната група ќе ја посетат странски експерти од таа област за добивање на конкретни податоци за пронајдените артефакти и остатоци.