Во присуство на заменик министерот Диме Спасов и градоначалникот на општина Кривогаштани Тони Заткоски свечено беше пуштен дневниот центар за ран детски развој во Обршани.
Во општина Кривогаштани веќе година дена успешно функционира градинката Весело Штркче а Ценатор за ран детски развој е втора вакава институција во општината која ќе ги згрижи и едуцира најмалите на предшколска возраст со што во голема мера ќе им помогне на родителите во социјализацијата на своите деца.Задоволството и интересот на родителите се огромни од отворањето на овај центар.