Се одржа втората форумска сесија во општина Кривогаштани од програмата форуми во заедницата, финансирана од швајцарската агенција за развој и соработка со подршка на ЗЕЛС и ЕКФ. На втората сесија присуствуваа повеќе од 140 граѓани кои учествуваат во креирањето на буцетот на општина Кривогаштани. Конкретно на оваа сесија се работеше на предлози за зголемување на приходите во општинскиот буџет, додека на наредната сесија ќе се работи на тоа за што тие средства ќе бидат искористени. Наредната трета по ред форумска сесија е закажана за 12 Ноември во 19 часот во просториите на спортската сала при ОУ Манчу Матак во Кривогаштани.