Home / Проекти / Општина Кривогаштани ќе се приклучи на регионалниот водовод „Студенчица“

Општина Кривогаштани ќе се приклучи на регионалниот водовод „Студенчица“

Во тек се преговорите и подготвувањето на техничката документација со која општина Кривогаштани планира од наредната година да се приклучи на регионалниот водовод „Студенчица“. Од општината велат дека со овој капитален чекор би се решил деценискиот проблем со водоснабдувањето кој постои во оваа општина.

„Интензивно преговараме со ЈП „Стунденчица“ и во тек е изготвувањето на техничката документација за проектот со кој ние како општина би се приклучиле на овој водоводен систем. Постојат повеќе алтернативи и размислувања како тоа би се направило, но според првичните информации и пресметки најисплатливо и најефтино би било тоа да се направи со изградба на крак на регионалниот водовод „Студенчица“ од општина Долнени кон Кривогаштани. Тој крак би бил некаде со должина од 8 км, цевките би поминувале низ државно земјоделско земјиште, со што нема да има потреба за експропријација и би се намалило времето за реализација на целиот проект. Се надеваме дека од идната година Кривогаштани веќе ќе има вода од „Студенчица“, истакна Тони Заткоски, градоначалник на општина Кривогаштани.

Инаку досега населените места во општината се снабдуваа со вода од локални бунари, чија пак издашност не е доволна за квалитетно водоснабдување на сите жители во тој регион.

About Krsteska Daniela

x

Check Also

Реализирани проекти