Home / Информации / ГРАНТ ЗА ИЗГРАДБА НА УЛИЦИ ВО ОПШТИНА КРИВОГАШТАНИ

ГРАНТ ЗА ИЗГРАДБА НА УЛИЦИ ВО ОПШТИНА КРИВОГАШТАНИ

Владата на РСМ преку заемот на Светска банка за Проектот за поврзување на локални патишта  додели на општина Кривогаштани средства во висина од 575.017.99 евра.

Доделените средства ќе бидат искористени за изградба и реконструкција на локални патишта и улици во населените места во општината.

Првиот одобрен проект  за финансирање  е изградба на улица према училиште во населено место Крушеани  (дел од улица ,,4,, и улица ,,14,, согласно ДУП за н.м Крушеани) во должина од 350м.

Очекуваната вредност на проектот е 147.000 евра.

Остатокот од доделените средства ќе биде потрошен за реконструкција на локални патишта и улици чиј приоритет ќе биде одреден заедно со граѓаните на општината.

За сите прашања и забелешки можете да се обратите кај лицето за контакт.

Николче Папучкоски

E-mail: npapuckoski@yahoo.com

Тел: 070/397-005

x

Check Also

Потпишан меморандум за соработка помеѓу Општина Кривогаштани и Општина Лерин

Денес во просториите на општина Кривогаштани Градоначалникот Николче Мискоски и Градоначалникот на ...