Ве известуваме дека од утре, 11.03.2020 година (среда) сите основни училишта и предучилушни установи (детски градинки) на територијата на Општина Кривогаштани, времено ќе запрат со воспитно – образовниот процес, како дел од мерките и активностите за превенција од ширењето на Covid 19 – коронавирусот.
Инаку, согласно владината одлука, за еден родител со дете до 10 годишна возраст, се дозволува отсуство од работно место во јавните и приватните институции, во споменатиот рок од 14 дена.
❗️Оваа мерка ќе биде во траење од 14 дена, согласно Одлуката на Владата на Република Северна Македонија, а по препорака на Комисијата за заразни болести.