На големиот државен празник 11 Октомври, во Пашино Рувци беше откриен споменикот на нашиот сограѓанин и пријател Љубе Грујоски, кој загина на Карпалак во конфликтот во 2001 година.
Овој чин на откривањето на спомен обележјето во чест и вечен помен на овој наш македонски херој нема да ја исполни празнината што како колеги, пријатели, блиски ја споделуваме со неговите најблиски во изминативе 18 години од неговото трагично загинување.
Љубе Грујоски е роден на 1 ноември 1969 година во село Пашино Рувци. За време на распаѓањето на СФРЈ, Грујоски дејствувал во кризните жаришта во Хрватска. Претходно бил во Шабац. Учествува во војната во 2001 година.
Љубе прво бил во касарната во Прилеп. Заминал за Тетово и веќе не се вратал дома. Загинува во заседата кај Карпалак 08 август 2001 година. Денес во Пашино Рувци како и во Прилеп постои една улица Љубе Грујоски која е именувана во негова чест. Грујоски постхумно е одликуван со медал за храброст од Претседателот на Македонија.
На откривањето на споменикот присутни беа членови на семејството, претставници на Општината Кривогаштани, претставници на АРМ, претставници од здружението на Бранители, здружение на Карпалак, ЈКП Пелагонија, пензионерското здружение како и жители на Пашино Рувци.