Врз основа на Договорот за соработка помеѓу Агенцијата за вработување на РСМ (АВРСМ), Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и општина Кривогаштани, Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2019 година усвоен од Владата на Република Северна Македонија, Програмата Општинско – корисна работа финансирана од Буџетот на Агенцијата за вработување на РСМ, се објавува: Јавен повик до евидентирани невработени лица за вклучување во Програмата Општинско – корисна работа.
Се повикуваат сите евидентираните невработени лица кои се заинтересирани да се вклучат во програмата Општинско-корисна работа, проект “Подобрени сервиси за позадоволни граѓани” за работно ангажирање од 20 (дваесет) часа неделно за период од 9 (девет) месеци заради стекнување на вештини и постепено вклучување на пазарот на труд, да се пријават во Агенција за вработување- Центар за вработување Прилеп.
Евидентираните невработени лица кои ќе се пријават за учество во Програмата Општинско-корисна работа треба да припаѓаат на една од следните целни групи невработени лица:
-Долгорочно невработени лица (над 12 месеци во евиденција,со предност на невработени лица над 5 години.
-Млади лица до 29 години
-Лица постари од 50 години
-Лица корисници на право на парична помош од социјална заштита или корисници на паричен надоместок по основ на невработеност.
-Жртви на семејно насилство.
-Лица со попреченост.
-Самохрани родители.
Работните позиции кои се опфатени со овој оглас се однесуваат на ангажирање на
– Негувател 2(два) извршители (со завршено ССС со положена лиценца за негувател), ангажирани во градинката Весело Штркче Кривогаштани
–Образовен асистент 3 (три) извршители (со завршено ВСС со положени педагошки предмети), ангажирани во ООУ Манчу Матак Кривогаштани и ООУ Јонче Смугрески Обршани.