Home / Информации / Едукативна сесија- Пристап до правда во Македонија

Едукативна сесија- Пристап до правда во Македонија

ИЗВЕСТУВАЊЕ

 

Почитувани,

Ве известуваме дека во рамки на проектот „Пристап до правда во Македонија“ кој што Младински културен центар Битола го спроведува со финансиска поддршка од Фондација Отворено општество – Македонија, на ден 26.06.2019 година (среда), во просториите на Советот на Општина Кривогаштани (во општинската зграда), со почеток од 12:30 часот, ќе се одржи едукативна сесија со цел правно запознавање на граѓаните од Општина Кривогаштани. Сесијата ќе се одржи од страна на координаторот за претходна правна помош во Младински културен центар Битола, Ирена Стојчевска и адвокат Марга Сотировска од Битола. Темите на сесијата се следните:

1.Закон за бесплатна правна помош

2.Права и обврски на граѓаните во оставинска постапка и постапка пред нотар

3.Договори за купопродажба

 

Се покануваат сите заинтересирани граѓани да земат учество на сесијата.

About Krsteska Daniela

x

Check Also

ЈП Пелагонија апелира до своите корисници рационално и внимателно да ја користат водата во деновите на екстремно високи температури.

ЈП Пелагонија апелира до своите корисници рационално и внимателно да ја користат ...