Во текот на вчерашниот ден во општинската кино-сала во Кривогаштани, за прв пат се одржа отворена јавна трибина на која жителите на општината имаа можност да го искажат својот став и заеднички да дадат мислење до советот на општината, за предлогот за користење на поволни кредитни средства за реализација на предложените два проекти:
1. Промена на 300 улични светилки со нови ЛЕД-економични светилки.
2. Адаптација на стара училишна зграда во Кривогаштани во музеј.
Присутните жители на средбата дадоа заедничко мислење и приоритет за реализација на првиот прокт за промена на 300 улични светилки во сите населени места во општината, бидејќи истиот е самоодржлив и може да ги оправда вложените средства, додека за вториот проект за адаптација на старата училишна зграда во Кривогаштани во музеј, се донесе мислење дека истиот не претставува приоритет за кој треба да се користат кредитни средства.
Донесеното јавно мислење од оваа трибина треба да послужи на членовите на советот на општина Кривогаштани кои ќе ја донесат конечната одлука за истиот.