Врз
Врз основа на Договорот за соработка помеѓу Агенцијата за врабоитување на РМ (АВРМ), Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и општина Кривогаштани, Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2017 година усвоен од Владата на Република Македонија, Програмата Општинско – корисна работа финансирана од Буџетот на Агенцијата за вработување на РМ, на ден 14.09.2017 година се објавува:
Ј А В Е Н О Г Л А С до
eвидентирани невработени лица за вклучување во Програмата Општинско – корисна работа
Се повикуваат сите евидентираните невработени лица кои се заинтересирани да се вклучат во програмата Општинско-корисна работа, проект Со подобрени услуги до позадоволни граѓани” за работно ангажирање со скратено работно време за период од 6 (шест) месеци заради стекнување на вештини и постепено вклучување на пазарот на труд, да се пријават во Агенција за вработување- Центар за вработување Прилеп.
Евидентираните невработени лица кои ќе бидат вклучени во Програмата „Општинско-корисна работа“ ќе бидат работно ангажирани со скратено работно време со 20 (дваесет) работни часови неделно, при што за време на работниот ангажман од 6 (шест) месеци статусот на невработените лица останува непроменет, а на невработените лица-корисници на социјална помош за времетраење на работниот ангажман ќе им биде активно правото на користење на социјална помош.
За кандидатите кои ќе бидат избрани и вклучени во Програмата Општинско-корисна работа се предвидува паричен надоместок во висина од 6.200,00 денари, што вклучува персонален данок на доход и осигурување од случај на несреќа при работа и професионално заболување.
Евидентираните невработени лица кои ќе се пријават за учество во Програмата Општинско-корисна работа треба да припаѓаат на една од следните целни групи невработени лица:
– самохрани родители
– млади невработени лица евидентирани во АВРМ најмалку 6 месеци
Работните позиции кои се опфатени со овој оглас се однесуваат на ангажирање на :
-Воспитувач – 3
– Неговател -1
– Технички персонал -3
– Наставник – 4
Заинтресираните невработени лица Пријави за учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да подигнат и поднесат во Агенција за вработување- Центар за вработување во Кривогаштани во периодот од 14.09.2017 година до -20.09.2017 година.
Поконкретните услови, права и обврски ќе бидат уредени со склучување на Договор помеѓу општина Кривогаштани и избраните кандидати.
Детални информации за Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да се добијат во општина Кривогаштани кај лицето Владо Деспотоски, Општински координатор за Програмата „Општинско-корисна работа“, Агенција за вработување – Центар за вработување Прилеп кај лицето Стеван ХаџиМитрески Центар за социјлна работа Прилеп кај лицето Зоран Малкоски