Се информираат жителите на Општина Кривогаштани дека на ден 02.05.2017 год (вторник) со почеток во 19 часот во просториите на ООУ Јонче Смугрески –Обршани, ќе се одржи презентација за можностите за искористување на средства за органско производство. Предавачи на презентацијата ќе бидат лица од ПРО- ЦЕРТ.
ПРОЦЕРТ КОНТРОЛА И СЕРТИФИКАЦИЈА е Македонско сертификациско тело кое е специјализирано за сертификациски услуги во полињата на:
– Органското производство,
– безбедноста на храната,
– примарното земјоделско производство.
ПРО- ЦЕРТ нуди услуги за контрола и сертификација на производи и системи според меѓународни, приватни и национални стандарди во примарното земјоделство, преработката, безбедностa на храната, управувањета со загадувањето на животната средина и организациските системи на домашниот и странскитe пазари.