Home / Информации / Отворените денови на Платежната агенција

Отворените денови на Платежната агенција

Се информираат жителите на Општина Кривогаштани дека Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој продолжува да ги реализира отворените денови за земјоделците. Во Општина Кривогаштани отворен ден ќе има на 17.11.2016 год. во 12 часот во просториите на Општинската зграда.

Целта на отворените денови е информирање за поволностите што се нудат преку програмите за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој. Земјоделците и стопанствениците воедно се запознаваат и со работата на Агенцијата, дискутираат за прашања од нивен интерес, даваат предлози за надминување на одредени проблеми со кои се соочуваат за време на аплицирањето и бараат стручна помош.

About Krsteska Daniela

x

Check Also

Соопштение за јавен увид

Соопштение за јавен увид