Home / Информации / КРИВОГАШТАНИ ДОБИ НОВО ПРОТИВПОЖАРНО ВОЗИЛО

КРИВОГАШТАНИ ДОБИ НОВО ПРОТИВПОЖАРНО ВОЗИЛО

tppe01Општина Кривогаштани доби ново теренско противпожарно моторно возило марка Volkwagen модел Amarok, целосно опремено и прилагодено за потребите на противпожарната единица. Возилото беше доделено од страна на Дирекцијата за заштита и спасување на Република Македонија. Освен Кривогаштани вакви возила добија и општините Кочани, Штип, Велес и Крива Паланка.

tppe03 tppe02„Ова возило значително ќе ја подобри мобилноста и опременоста на ТППЕ Кривогаштани и ќе овозможи побрзи интервенции при гаснењето на пожарите како и побрзо и подобро соочување на нашите екипи со овие непогоди. Тоа теренско возило, кое за разлика од старата цистерна која што ја имаме ќе може да влегува и во тесно улици и да гаси пожар на тешко пристапни терени. Возилото чини околу 70.000 евра заедно со опремата, а бенефит од него ќе имаат и делови на општините Крушево, Прилеп и Кривогаштани, кои граничат со општина Кривогаштани“, истакна Тони Заткоски, градоначалник на Кривогаштани.

tppe04 tppe05

Освен со ова возило деновиве возниот парк во општина Кривогаштани се подобри и со новиот камион за собирање на отпад, кој ќе го користи, ЈП „Пелагонија“, а кој е донација од јапонската амбасада. Возилото чини околу 80.000 евра, а освен камионот за отпад јапонската амбасада донираше и 35 контејнери кои треба да бидат распределени по сите населени места во општината.

Локалната самоуправа исто така купи и возило марка Volkswagen Polo за своите потреби, а преку Владата на РМ беше обезбеден и камион МАН.

Прилогот е преѕемен од Патоказ Магазин

About Krsteska Daniela

x

Check Also

ЈП Пелагонија апелира до своите корисници рационално и внимателно да ја користат водата во деновите на екстремно високи температури.

ЈП Пелагонија апелира до своите корисници рационално и внимателно да ја користат ...