Денес во градинката ,,ВЕСЕЛО ШТРКЧЕ’’ се одбележа вториот роденден од постоењето на градинката, на 4-ти Ноември 2014 година во Општина Кривогаштани за прв пат започна со работа првата детска градинка во Општина Кривогаштани. По тој повод денес Градоначалникот на Општина Кривогаштани Тони Заткоски ги посети дечињата и заедно со нив го прославија роденденот. Градоначалникот им однесе подароци на кои децата многу се израдуваа. Веќе втора година од успешно постоење на градинката веќе дава резултати во стекнатото знаење кај најмалите како и задоволството на родителите што дечиња се дружат и образуваат уште од најрана возраст. Општината покрај оваа градинка веќе има отворено дневен центар за деца од претшколска возраст во населеното место Обршани. Општината и понатаму продолжува несебично да вложува во најмладите и својата иднина со реализација на уште повеќе проекти во сферата на образованието.