Во организација на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион денес беше организирана меѓународна конференција „Унапредување на економскиот развој во Пелагонискиот плански регион” и бизнис средби со компании од регионот на Измир, Република Турција.
Општина Кривогаштани ја искористи можноста да ги претстави своите постоечки и потенцијални капацитети и бизнис поволности кои ги нуди општината на можните инвеститори.
Претставени беја постоечките индустриски зони во индустриската зона Славеј како и двете нови кои се веќе во изработка и наскоро се очекува да бидат понудени на заинтересираните инвеститори.
Општината је користи секоја прилика за своја промоција и презентација со цел зајакнување и поддршка на локалниот економски развој на општина Кривогаштани.