Home / Информации / Состојба и перспективи за органско производство во Македонија

Состојба и перспективи за органско производство во Македонија

Во организација на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделието денес во Кривогаштани се одржа предавање на тема „Состојба и перспективи за органско производство во Македонија- Производи за заштита на растенија“. На информативната средба учество зедоа земјоделци, како и претставници од компании за продажба  на земјоделски препарати.

Наспроти зголемениот интерес за снабдување со органски производи, мал е бројот на земјоделци кои dsc04159 dsc04162 dsc04164 dsc04172продуцираат органска храна. Државата преку ресорното министерство и низа регулативи поттикнуваа развој на органското производство, при што, финансиската поддршка на име субвенции е поголема за 50 отсто, но распространетоста органско фармерско производство и натаму е недоволна со оглед на побарувачката на пазарот. Трибината во Кривогаштани се одржа како дел од информативната кампања за органско производство во организација на ресорното министерство, а беше посветена на производите  за заштита на растенијата.

Од компаниите кои обезбедуваат средства за заштита на растенија велат дека интересот се зголемува но основен предуслов е цената на препаратите која е повисока во споредба со конвенционалните.

Во основа при изборот во начинот на производство се се сведува на пресметка околу трошоците и реалната цена при продажбата. Во Македонија регистрирани се околу 500 фармери за органско производство најмногу за житни и градинарски култури на вкупна површина од околу 3 илјади хектари што реално е многу малку во споредба со можностите и потребите на домашниот, а уште повеќе на странските пазари за здравата органска храна.

 

About Krsteska Daniela

x

Check Also

Соопштение за јавен увид

Соопштение за јавен увид