По повод „Детска недела“ во организација на градинката „Весело штркче“ вработените, родителите и дечињата ја организираа работилницата за подготовка на зимница. Од работилницата произлегоа повеќе видови на зимница помеѓу кои домашен ајвар, различни видови на слатко, компоти и други видови на зимници кои се карактеристични за овој регион. Направените производи потоа беа понудени за продажба по симболични цени, а средствата собрани од оваа продажба ќе бидат искористени за потребите на градинката.