Home / Информации / Отворен бесплатен интернет клуб во Кривогаштани, во рамки на проектот „Светот на дланка“

Отворен бесплатен интернет клуб во Кривогаштани, во рамки на проектот „Светот на дланка“

Заменик министерот за информатичко општество и администрација Тимчо Муцунски и градоначалникот на општина Кривогаштани Тони Заткоски денеска го отворија новиот бесплатен интернет клуб, во рамки на проектот на МИОА, „Светот на дланка“. Станува збор за 31- от по ред бесплатен интернет клуб кој се отвора на територијата на Република Македонија.

otvaranje_IK_krivogashtani1_g,, Ова е континуиран проект кој тече од 2007 година. Владата на Република Македонија го имплементираше во повеќе општини во нашата држава, со цел граѓаните да имаат полесен пристап до интернет содржините и да се намали дигиталниот јаз„, истакна Муцунски, заблагодарувајќи се за одличната соработка со општината.

Градоначалникот на општина Кривогаштани Заткоски изрази благодарност до Министерството и Владата, истакнувајќи ја важноста од отворањето на овој бесплатен интернет клуб за општината и околните населени места. Министерството ја обезбеди компјутерската опрема, масите и столчињата, а општината Кривогаштани го обезбеди просторот, интернет конекцијата и лице кое ќе работи во клубот.

Имајќи ги предвид позитивните резултати од овој проект, мрежата на бесплатни интернет клубови оваа година беше проширена на уште 3 општини во Република Македонија: Липково, Велес и Кривогаштани.

About Krsteska Daniela

x

Check Also

ЈП Пелагонија апелира до своите корисници рационално и внимателно да ја користат водата во деновите на екстремно високи температури.

ЈП Пелагонија апелира до своите корисници рационално и внимателно да ја користат ...