Home / Информации / ЗАПОЧНА СО РАБОТА ДОБИТОЧНИОТ ПАЗАР ВО КРИВОГАШТАНИ

ЗАПОЧНА СО РАБОТА ДОБИТОЧНИОТ ПАЗАР ВО КРИВОГАШТАНИ

По пауза од три месеци денеска продолжи со работа добиточниот пазар во општина Кривогаштани. Агенцијата за храна и ветеринарство конечно ја укина забраната на продажба на добиток, откако во земјава се појави болеста јазлеста кожа и беше забранета продажбата на добиток на целата територија на Република Македонија.

Сточарите од Кривогаштани, но и од целиот регион, денеска излегоа во голем број на добиточниот пазар кој е еден од поголемите вакви пазари во овој дел на државава. Од ЈП „Пелагонија“, под чија надлежност е пазарот упатуваат апел до сточарите сите животни кои се носат на пазарот да ги имаат потребните документи, во спротивно тие немале да бидат пуштени внатре.

„Да ги известам сите граѓани кои поседуваат добиток дека кога станува збор за добиточниот пазар важат истите правила и прописи како и пред забраната. Секое животно кое се носи на пазарот мора да има ушна маркица, мора да има пасош за идентификација и мора да има издадено здравствено уверение од надлежното ветеринарно друштво, односно матичното ветеринарно друштво кое ја одржува здравствената состојба на добитокот. Без тие документи на сточнмиот пазар нема да биде дозволен влез на животно“, изјави Благоја Христоски, директор на ЈП Пелагонија – Кривогаштани.

Според ветеринарите спроведувањето на заштитните мерки како и вакцинацијата на добитокот, дадени од препораките на Агенцијата за храна и ветеринарство, вродиле со плод.

„Овој регион кој го покриваме немавме појава на болеста јазлеста кожа, додека во општина Прилеп беше регистрирана оваа појава. Со оглед на наредбите и решенијата кои ги добиваме од Агенцијата за храна и ветеринарство беше спроведена акција на вакцинација против болеста јазлеста кожа, таа акција беше доста успешно спроведена и мислам дека се постигна голем ефект од заштита на ширење од таа болест. Покрај вакцинациијата се спроведоа и другите мерки како дезинфекција и дезинсекција на објектите превентивно, а онаму каде се појави болеста се уништуваа и самите заболени грла на добиток“, Жарко Михајлоски, ветеринар.

стп2

НОВИОТ СТОЧЕН ПАЗАР

Инаку Кривогаштани го изгради најсовремениот добиточен пазар во Македонија кој се очекува офиицијално со работа да биде пуштен наредната среда на 31 август. Се чека само уште официјалното одобрение од Агенцијата за храна и ветеринарство.

„Инаку според големината ова е еден од трите најголеми сточни пазари во Македонија. Се простира на површина од околу 6.000 метри квадратни, а во состав на пазарот има пасошка контрола и дигитална вага.Вкупната инвестиција е некаде околу 16 милиони денари. Со изградбата на сточниот пазар се очекува значително да се подобри и економијата во овој крај затоа што најголемиот дел од нашето население се занимава со земјоделство и сточарство. Тука доаѓаат сточари од цела Македонија, па дури и од Албанија, со новиот модерен пазар очекуваме тој број значително да се зголеми. Веднаш до овој сточен пазар наскоро ќе започнеме со изградба и на комплено нов зелен пазар, кој ќе чини околу 100.000 евра. Зелениот пазар ќе биде исто така опремен според сите европски стандарди за продажба на ваков тип на производи, а освен за зеленчук и овошје се планира и еден затворен дел кој ќе биде наменет за продажба на млеко, млечни производи и сирење. Покрај сточниот пазар, тоа ќе биде уште еден објект во нашата општина кој значително ќе придонесе за развој на економијата. Со изградбата на овие два пазари очекуваме тука да доаѓаат купувачи од сите околни општини“, изјави Тони Заткоски, градоначалниик на Кривогаштани.

зп1

КАКО ЌЕ ИЗГЛЕДА НОВИОТ ЗЕЛЕН ПАЗАР

Инаку по пуштањето во промет на пазарот во Кривогаштани сточарите ќе можат да тргуваат исклучиво со вакциниран добиток, за што постои соодветен сертификат, според кој, поминале најмалку 28 дена од вакцинацијата.

About Krsteska Daniela

x

Check Also

ЈП Пелагонија апелира до своите корисници рационално и внимателно да ја користат водата во деновите на екстремно високи температури.

ЈП Пелагонија апелира до своите корисници рационално и внимателно да ја користат ...