Home / Информации / Уште еден антички македонски град се наѕира кај Подвис, Кривогаштани?!

Уште еден антички македонски град се наѕира кај Подвис, Кривогаштани?!

” Интересно за овој локалитет е тоа што при истражувањата со метод на површинско рекогнисцирање се изнесени околу триесетина монети исклучиво на македонски кралеви. Најдени се монети на Филип Први, Александар, Касандар, Демитриј, Антигон Гонат, Филип Петти и Персеј, значи најголемите македонски кралеви”, вели проф д-р Лилчиќ

Во атарот на Кривогаштани во близина на населеното место Подвис се наоѓа вреден археолошки локалитет, можеби и еден од највредните во Македонија.

Според директорот на Управата за заштита на културно наследство проф.д-р Виктор Лилчиќ Управата од 2016 го активира проектот “Аантичкото кралство Македонија во Република Македонија” со цел откривањето на античките македонски културни археолошки хоризонти со кои Република Македонија изобилува.

Како што истакнува д-р Лилчиќ, еден од тие енормно богати антички културни хоризонти е и локалитетот кој се нарекува Мало Кале село Подвис каде во моментот се во тек археолошките ископувања.

“Се работи за многу богата античка некропола која започнуваме од ова година да ја истражуваме, а проектот оди преку Филозовскиот факултет во Скопје. Овој проект беше реализиран со помали средства од Министерството за култура од 2005 до 2009 година и тогаш имаше многу забележителни резултати . Сега, пак, имаме намера уште повеќеда ги зголемиме. Интересно за овој локалитет е тоа што при досегашните истражувања со метод на површинско рекогнисцирање се изнесени околу триесетина монети исклучиво на македонски кралеви. Во колекцијата на Охридската банка се чува една монета на македонскиот крал Архелај која претставува случаен наод. Со наши истражувања се најдени монети на Филип Први, Александар, Касандар, Демитриј, Антигон Гонат, Филип Петти и Персеј, значи најголемите македонски кралеви”, вели Лилчиќ.
Според Дејан Кабакоски, раководител на археолошките истражувања во моментот се работи на постарта некропола.

” Претпоставуваме дека започнува да се користи од архајскиот период, значи 6. век пред н.е и завршува со класичен период. Целта ни е да го истражиме платото на кое се вршени погребувањата, но имало големи оштетувања од диви копачи од пред десетина години. Овие гробови треба да ни укажат на архитектурата на гробните форми. Се работи за гробна циста вклесана во карпа. Најдени се и керамички садови кои се користеле при ритуалот на погребување, хидри, амфори… Проширувањето на истражувањата ќе се врши според пронајдоците, ацелта е да добиеме план на погребувања, концентација на гробните места. Покрај истражувањата ќе се изврши и научно дефинирање “, објаснува Кабакоски. Тој додава дека во моментот сеуште не може да се каже дали се работи за град или тврдина, но на северозапад од некрополата , каде Што не се вршени истражувања се наоѓаат јаки ѕидини.

Градоначалникот на Кривогаштани Тони Заткоски, пак, посочува дека уште пред еднагодина се заангажирал преку Министерството за култура и Управата за заштита на културно наследство да се утврдат археолошките локалитети кои гравитираат на територијата на оваа општина.

“Нашата општина несебично ќе ја поддржува иницијативата и за брзо време очекуваме да ги имаме и првите резултати од археолошките ископувања. Во секој случај една од целите ќ е биде привлекување на туристи не само од Македонија туку и од странство, бидејќи општина Кривогаштани е транзитно место према Крушево и во голем дел од годината транзитираат многуј туристи, вели Заткоски. Во кривогаштани е во план и отварање на музеј.

Заштита од диви копачи
Д-р Лилчиќ посочува дека на местото на локалитетот во античкото време се ширело кралството на Пелагонците кои имале свое кралство.

“Сепак, во моментот не го знаеме карактерот на ова место, дали се работи за антички македонски град или воена база. Токму задачата на ова испитување е да откриеме дали се работи за антички македонски град. Од друга страна вршиме и една благородна задача, заштитни археолошки истражувања бидејќи овој локалитет беше долги години мета на илегални трагачи. Околу десетина гробови биле откопани илегално. Се надевам дека во догледно време ќе бидат откриени нови предметите и заштитени “, додава Лилчиќ.

ЛИНК ОД СТАТИЈА ВО ВЕСНИК ВЕЧЕР: http://vecer.mk/kultura/ushte-eden-antichki-makedonski-grad-se-nadzira-kaj-podvis-krivogashtani

About Krsteska Daniela

x

Check Also

ЈП Пелагонија апелира до своите корисници рационално и внимателно да ја користат водата во деновите на екстремно високи температури.

ЈП Пелагонија апелира до своите корисници рационално и внимателно да ја користат ...